Претходна статија
Камен темелник за Плоштадот „Скендербег“
Следна статија
Новиот пат Радовиш - Струмица ќе биде готов до март

Уште 13 мостови ќе се санираат со пари од НАТО

Објавено на 18.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Со донација од НАТО во вредност од 8,6 милиони евра, во наредниот период ќе се реконструираат мостови и патна инфраструктура во државава, како трета фаза на проектот што започна да се реализира во 2006 година. Ќе бидат опфатени најмалку 13 мостови, а цел на Министерството за транспорт и врски е покрај нив да се реконструира и патната инфраструктура на автопатската делница од Велес кон Скопје. Она што нема да го реконструира НАТО ќе се реализира преку Агенцијата за држави патишта. Во моментов во тек е рехабилитација на автопатската делница од Катланово кон Велес. Според планот, до 2014 година автопатот Скопје – Велес треба да биде целосно саниран во двата правци. Проектите ќе се изработуваат во текот на оваа, а градежните работи ќе се изведуваат од наредната година.