Претходна статија
Отворен нов објект на Тинекс со над 5.000m²
Следна статија
Квалитетна вода за Петровец

Уредување на пешачката улица „Тоше Проески“

Објавено на 21.03.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во присуство на министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски и делегација на семејството Проески, денес на пешачката улица во Ново Лисиче која е именувана по Тоше Проески започна изградбата на меморијална фонтана во негова чест. Фонтаната ќе биде кружна, на три нивоа, со дијаметар од 7 метри и со височина на базенот од 1,2 Визуелизација за фонтанатаметри. Централниот дел ќе има квадратен облик со височина од 1,45 метри и таму ќе биде поставен внатрешен застаклен постамент со ликот на Тоше. Проектот го изработи „Мегарон Инженеринг“, а градежните работи ќе ги изведува „Промонтинг“. Околниот простор ќе биде хортикултурно уреден и ќе биде поставена прикладна урбана опрема.




Форумска дискусија за овој проект –> овде