Претходна статија
Градот Скопје со реакција на тврдењата од „Плоштад Слобода“
Следна статија
Напредува изградбата на болницата „Филип Втори“

Управувањето со паркинзите во центарот на Скопје стана историја

Објавено на 30.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Општина Центар и нејзиното јавно паркинг – претпријатие од понеделник можат да останат без паркинзите во Дебар Маало бидејќи просторот за јавно паркирање во оваа скопска населба ќе биде одземен од Градот Скопје. Локалната самоуправа од Центар повикува на формирање координативно тело и заедничко разрешување на проблемот со паркирањето во центарот на градот. Тие посочуваат дека Градот Скопје почнал нова војна со нив. „Досега одбегнувавме војна, но доколку ја реализираат намерата да ги уништат паркинзите во Центар, тогаш градоначалникот на Скопје ќе мора да ги плати комуналните такси од неколку милиони евра затоа што наплаќале на улиците кои се под ингеренции на Општина Центар“, истакна на денешната прес – конференција градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски.

 

Со своја реакција денеска се јави и скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Тој тврди дека главен проблем за натамошното управување на паркинзите од претпријатието на Општина Центар е непостоењето согласност за воведување нов сообраќаен режим за одредени делници од Министерството за внатрешни работи. „МВР не го одобри проектот на Општина Центар зашто на посочените делници во Дебар Маало 1 и 2 веќе е воведен изменет сообраќаен режим, односно, воведен е еднонасочен сообраќај, па сега сообраќајот дополнително би се усложнил. МВР издаде препораки до Општина Центар да изработат градежен инфраструктурен проект и да направат џебови за паркирање, а Градот Скопје го задолжи да ја избрише постојната хоризонтална сигнализација на посочените паркинг – места“, изјави Трајановски.

 

Битката за јавните паркиралишта помеѓу Градот Скопје и Општина Центар трае повеќе од две години. Во изминатиот период во неколку наврати се јавија проблеми со управувањето на паркиралиштата, кои најчесто ги затекнаа во недоумица граѓаните кои ги користат услугите за паркирање во центарот на главниот град.