Претходна статија
Нова детска градинка отворена во скопската населба Радишани
Следна статија
За година и пол гасот треба да протече од Штип до Неготино

УНДП ќе ги санира браните на реката Пена во Тетово

Објавено на 30.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со финансиски средства во висина од 330.000 евра, УНДП (United Nations Development Programme) ќе ги санира критичните точки од браните на реката Пена во Тетово, кои беа уништени од неодамнешните поплави во градот. Договорот за реализација на проектот денеска го потпишаа министерката за локална самоуправа Ширет Елези и постојаниот претставник на УНДП во Македонија Лујза Винтон. Минатата година со финансии од оваа агенција на Обединетите нации беше изготвена темелна анализа за ризиците од поплави во Полошкиот регион, која ќе претставува основа при реализацијата на претстојниот проект.

 

* Недовршеното идејно решение за реката Пена од пред 10-тина година
 

„Најкритични се трите целосно уништени брани на реката Пена, чистење на речното корито и негова санација во должина од скоро два километри и продолжување на регулацијата во урбаната зона во должина од еден километар“ изјави министерката Елези. Проектот за реконструкција и поправка на трите оштетени брани треба да се заврши до крајот на 2016 година.