Претходна статија
Булеварот „Св.Климент Охридски“ свечено пуштен за сообраќај
Следна статија
По 3 години градење завршена делницата Табановце - Куманово

Улицата „Никола Вапцаров“ стана шеталиште за граѓаните

Објавено на 08.09.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Заврши реконструкцијата на улицата „Никола Вапцаров“ во должина од 150 метри на потегот од плоштадот „Македонија“ до булеварот „Димитрие Чуповски“. Во рамките на зафатот поставени се нови пошироки тротоари со плочки од вештачки гранит, целокупниот простор е облагороден со дрворед од 30 јапонски цреши, поставени се нови канделабри со 30-тина корпи со букети цвеќе, 14 мермерни жардиниери со хортикултурни аранжмани и нови клупи за граѓаните. Изградено е и ново такси – стојалиште и постојка за патници за јавниот градски сообраќај на самиот спој со булеварот „Димитрие Чуповски“ како и специјална лента за дотур на стока за околните комерцијални субјекти.

 

Во согласност со Деталниот урбанистички план, улицата „Никола Вапцаров“ и понатаму ќе биде користена од автомобилите, но со посебен режим на сообраќај само за граѓаните што живеат на таа улица. Поради ова се поставени две хидраулични столбчиња на почетокот од улицата, со кои ќе се оневозможи да се паркираат автомобили. За овој зафат се потрошени 11,5 милиони денари од локалниот буџет, а градежните работи на улицата ги изведоа компаниите Гранит, Урбан Инвест, Беграмо, Анизор, Елтра, Флора Стат и Аполо.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Фото галерија

Реконструираната ул. „Никола Вапцаров“ Реконструираната ул. „Никола Вапцаров“ Реконструираната ул. „Никола Вапцаров“
Реконструираната ул. „Никола Вапцаров“ Реконструираната ул. „Никола Вапцаров“ Реконструираната ул. „Никола Вапцаров“
Реконструираната ул. „Никола Вапцаров“ Реконструираната ул. „Никола Вапцаров“