Претходна статија
Означен стартот на изградба на две спортски сали во Битола
Следна статија
Се реконструира дел од Првомајска

Улицата Македонска Војска се пробива кон Вардар

Објавено на 26.07.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Почеток на реализацијата на втората фаза на сообраќајницата Македонска ВојскаГрадот Скопје денеска ги отпочна градежните активности за реализација на втората фаза од изградбата на „Македонска Војска“. Според официјалните податоци кои ги соопштија градските власти, новиот дел на сообраќајницата ќе биде долг 800 метри и ќе се протега од крстосницата со булеварот Ѓорче Петров, до стадионот на ФК Македонија. Коловозот ќе има две ленти и вкупна широчина од седум метри. Планирана е изведба на тротоари од бехатон плочки, а ќе се постави и ново улично осветлување. Исто така ќе се постави атмосферска канализација со  профил од 300, односно 400 милиметри, во зависност од условите на теренот на којшто се работи. Вредноста на инвестицијата е околу 25 милиони денари, средства од градскиот буџет. Градежните работи ги врши „Гранит“, а рокот  за изведба е шест месеци.


„Македонска Војска“ според Генералниот урбанистички план на Скопје е планирана како булевар кој треба да се продолжи кон југ и премостувајќи го Вардар, со клучка да се поврзе со идниот Јужен Булевар. Во 2008 година Трифун Костовски ја реализираше првата фаза од изградбата на сообраќајницата, односно сегментот помеѓу црквата Св. Петар и Павле и булеварот Ѓорче Петров. Градоначалникот Коце Трајановски денес изјави дека се работи на дислоцирање на противпоожарната станица близу црквата и вети дека набргу овој сегмент ќе биде надграден на ниво на булеварско решение.