Претходна статија
„Геинг“ ќе работи на проекти за изградба и реконструкција на неколку патишта
Следна статија
Македонија заинтересирана да воведе национален авиопревозник

Турци или италијанци ќе го гасифицираат Скопје

Објавено на 14.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Турската компанија „Аксо енерџи“ или италијанската „ЦПЛ Конкордиа“ се двата понудувачи што го минаа првиот филтер на меѓународниот повик за избор на субјект што ќе ја изгради гасоводната дистрибутивна мрежа во Скопје. Според написот во денешното издание на „Дневник“, овие две компании ги исполнуваат бараните критериуми на повикот, кои се однесуваат на годишниот финансиски обрт, искуството во дистрибуцијата на гас од претходни проекти и бројот на корисници што се приклучени на нивните мрежи.

 

Турски „Аксо енерџи“ е најголемиот приватен дистрибутер на природен гас во Турција, додека италијанската „ЦПЛ Конкордиа“ дистрибуира природен и течен гас во 135 општини и во својата мрежа има 185.000 корисници во Италија и во други странски земји. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев во денешната изјава за МИА рече дека конкретни детали околу реализацијата на овој проект не можат да се соопштат до завршувањето на целокупната постапка за избор на најповолниот понудувач.

 

Дистрибутивната мрежа за природен гас во главниот град ќе се гради преку јавно – приватно партнерство. Приватната компанија ќе треба да инвестира околу 100 милиони евра во изведбата на гасоводната инфраструктура со должина од 250 километри во периодот до 2019 година, а за возврат ќе стопанисува со дистрибутивната мрежа во период од 20 години.