Претходна статија
15 општини добија 56,3 милиони денари за проекти за управување со водите
Следна статија
Тендер за реконструкција на градскиот плоштад во Кавадарци

Турски „Мурат Тиџарет“ гради фабрика во зоната кај Бунарџик

Објавено на 25.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Зоран Заев и неколку владини министри денеска присуствуваа на почетокот на изградбата на новата фабрика на турската компанија „Мурат Тиџарет“ во ТИРЗ Скопје 2 кај Бунарџик. Во новиот погон за производство на кабли ќе бидат инвестирани околу 7 милиони евра и првично ќе бидат отворени 300 нови работни места. Фабриката треба да започне со работа во 2019 година и истата претставува 4-та инвестиција на турска компанија во двете скопски индустриски зони.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Македонскиот премиер Заев нагласи дека земјата се движи во посакуваната насока и се зголемува довербата и оптимизмот во македонската економија. „Интересот за нови инвестиции на турските компании во Република Македонија расте и од тие причини продолжуваме да ја интензивираме и унапредуваме економската соработка меѓу двете земји кои негуваат традиционално долгогодишно децениско пријателство“ изјави премиерот Заев.