Претходна статија
Ново продолжение на мораториумот за градење во Општина Центар
Следна статија
Распишан тендер за набавка на автобуси за прилепскиот јавен превоз

Турски „Чагатај Кабло“ ја отвори новата фабрика во ТИРЗ Скопје

Објавено на 31.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Новата фабрика на турската компанија „Чагатај Кабло“ денеска беше свечено пуштена во употреба во ТИРЗ Скопје. Индустрискиот објект со површина од 7.000 метри квадратни вработува околу 60 лица при производството на кабли и електрична инсталација за автобуси и земјоделска механизација. Фабриката во Скопје е отворена како добавувач на белгискиот производител на автобуси „Ван Хол“. На денешната свеченост во скопската индустриска зона присуствуваа вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и сопственикот на турската компанија Ахмет Короглу.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Турскиот инвеститор од денешната свеченост во Скопје најави реализација на втората фаза од инвестицискиот циклус на нивната компанија во нашата земја. Во втората фаза е планирано да се изгради фабрика со површина од 10.000 метри квадратни и во неа да се вработат 300 лица. Со ова, вкупната инвестиција на „Чагатај Кабло“ во Македонија би достигнала 6.000.000 евра. Оваа турска компанија ја започна изградбата на новиот индустриски објект во ТИРЗ Скопје кон крајот на септември минатата година.