Претходна статија
„Ки Сејфти Системс“ ја отвори фабриката во ТИРЗ Кичево
Следна статија
Изградбата на автопатот Кичево - Охрид се одвива според договореното

Турски „Атајмач“ гради откупно – дистрибутивен центар во Илинден

Објавено на 09.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во локалната индустриска зона во Општина Илинден денеска беше поставен камен – темелник за изградба на откупно – дистрибутивен центар за земјоделски производи. Во објектот со планирана површина од 87.000 метри квадратни ќе вложи турската компанија „Атајмач“. Инвестицијата е во вредност од 10 милиони евра и истата е предвидено да се реализира во етапи. На крајот од првата фаза, во септември 2016 година е зацртано да се отворат 100 нови работни места. На денешната свеченост присуствуваа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски.

 

* Извор на фотографија: Општина Илинден

 

 

„Посебно сум среќен што нашата бизнис заедница е побогата за уште еден член, што сме побогати за уште една странска директна инвестиција, со уште еден фундамент за одржлив економски развој. Горди сме што компанијата „Атајмач“ од денес станува дел од нашето големо бизнис семејство“, рече градоначалникот Жика Стојановски.