Претходна статија
Најавена обнова на споменикот „Македониум“ во Крушево
Следна статија
Изведбата на сувата градба да се стандардизира и во Македонија

Туристички комплекс ќе се гради и на местото на автокампот „Ливадиште“?

Објавено на 10.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#По идејата за рушење на автокампот „Љубаништа“ за сметка на изградба на планираната туристичка населба на индискиот милијардер Субрата Рој, државата ќе се обиде да пронајде заинтересиран инвеститор и за автокампот „Ливадиште“ на струшкото крајбрежје од Охридското езеро. Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) е во потрага по консултантска куќа што ќе изработи физибилити студија за оправданост за склучување договор за јавно – приватно партнерство за развој и изградба на идниот туристички комплекс Ливадиште. Покрај изготвувањето на документот, консултантот ќе треба да посредува при реализацијата на договорот со кој би се пронашол приватен инвеститор што ќе инвестира во некогаш најсредениот и најубав автокамп во Македонија.

 

Покрај инијативата за изработка на физибилити студија, веќе е подготвен Извештајот за стратегиска оценка на животната средина за урбанистичко планската документација за атрактивната локација. Инвеститорот на располагање би добил земјиште со површина од 5,1 хектари покрај брегот на Охридското езеро, лоцирано во близина на селото Радожда. Постоечките планови предвидуваат на овој простор да се градат сместувачки капацитети, објекти за мали комерцијални и деловни намени, големи угостителски зданија, здравствени установи и објекти за спорт и рекреација. Во досега изработената документација се предлага изградба на туристички комплекс во месноста Ливадиште.

 

Заинтересираните консултантски куќи треба да ги достават своите понуди најдоцна до 13 март до државната компанија ЕЛЕМ. Физибилити студијата ќе треба да се изработи во временски период од 240 дена, по што ќе се знае дали ќе се трага по концесионер што ќе го гради и ќе управува со замислениот туристички комплекс во Ливадиште.