Претходна статија
Се продаваат парцели за викендички и хотел на Пониква
Следна статија
Почна изградбата на прилепската станбена населба „Градина“

Цената на патот кон Сончев град нарасна на 7,5 милиони евра

Објавено на 28.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

За довршување на идниот регионален пат кон луксузната населба Сончев град се неопходни дополнителни средства. Јавното претпријатие за државни патишта склучи уште еден договор со фирмата „Гранит“ од Скопје за изведба на непредвидени активности и вишоци на работи за изградба на регионалниот пат Р2138 со должина од 4,4 километри. Со новиот договор од државниот буџет се издвоија финансиски средства во висина од 53.291.913 денари (околу 865.000 евра), со што вкупната сума за изградба на патната врска од Скопје кон населбата Сончев град нарасна на 7,5 милиони евра.

 

* Од почетокот на градежните работи на терен

 

 

„Со отпочнувањето на градежните работи, како и при тековната работа на горенаведениот пат од страна на изведувачот и од надзорниот инженер констатирана е потреба од непредвидени и вишоци на работи кои што не се опфатени со основниот договор“, се наведува во образложението на склучениот договор. Самата реализација на регионалниот пат се соочувала и со проблеми, па така во текот на изградбата се појавило свлечиште. Од тие причини, изведувачот побарал дополнителни средства за санирање на нестабилната раседна зона на еден сегмент од трасата.

 

Времетраењето на потпишаниот договор изнесува 27 месеци. Целокупното досегашно времетраење на изградбата на регионалниот пат веќе ги проби првично зададените рокови. За време на почетокот на градежните работи, надлежните власти нагласија дека патот ќе биде готов за 18 месеци. Трасата на овој пат започнува од населбата Водно, при што патот со две коловозни ленти со ширина од по 3 метри е предвидено да се спои со сегашниот пат Кисела Вода – Сопиште – Говрлево.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk