Претходна статија
Подземен катастар и во општините од Источна Македонија
Следна статија
Трговскиот центар „РЕМ“ во Тетово отворен за посетителите

Цената на новиот Археолошки музеј порасна за уште 710 илјади евра

Објавено на 18.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Министерството за култура потпиша дополнителен договор со градежната компанија „Бетон“ од Штип за довршување на објектот на Археолошкиот музеј во строгиот центар на Скопје [»мапа]. Градежната оператива во наредните три месеци ќе треба да набави, изработи, транспортира и монтира ѕидна облога, но и ограда на скалите и галеријата во склоп на музејот. Најновиот договор е со вредност од 43.660.000 денари или околу 710 илјади евра, со што вкупната сума за изградба на оваа музејска установа достигна 17 милиони евра, а за целиот објект во кој исто така се сместени и Уставниот суд и Архивот на Македонија досега се потрошија над 35 милиони евра.

 

Зданието со приземје, седум ката и поткровје и со вкупна површина од 13.510 метри квадратни почна да се гради кон крајот на 2009 година во рамките на владиниот проект „Скопје 2014“. Уставниот суд и Државниот архив пред девет месеци веќе се вселија во новите простории.