Претходна статија
Отворен Паркот на бранителите во Драчево
Следна статија
Објавена содржината на спогодбата за „Јужен поток“

Цената на новата зграда на АЕК надмина 10 милиони евра

Објавено на 30.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Со новиот анекс договор за градежни и занаетчиски работи на зградата на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во висина од 900 илјади евра, и претходно склучената зделка за внатрешно уредување во вредност од 1,2 милиони евра, вкупната сума за овој проект според досега објавените податоци достигна 10,6 милиони евра. Дополнителните градежни и занаетчиски работи ќе ги изведува скопски „Гранит“ кој е и главен изведувач на објектот. Договорот е склучен со преговарање без претходно објавување оглас, а во објаснувањето на анекс договорот на сајтот на Бирото за јавни набавки е неведено дека тоа е направено поради тоа што таквите дополнителни работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот орган. Основниот договор по принцип „Клуч на рака“ за овој објект од проектот „Скопје 2014“ изнесуваше 8,5 милиони евра.

 

Новото седиште на АЕК има приземје, седум ката и поткровје, со основа на објектот од 387 метри квадратни, и вкупна корисна површина од 3.300 метри квадратни. Проектот е изработен од страна на „Неимар инженеринг“, а надзорот го врши „Геинг“. Изградбата започна во март 2011 година и првично зацртаниот краен рок за завршување беше јуни 2012.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект