Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска изврши увид на реконструираната улица „Васко Карангелески“ во општина Аеродром. „Во оваа фаза целосно го реконструиравме коловозот на улицата „Васко Карангелески“, на потегот од раскрсницата со булеварот „Јане Сандански“ до раскрсницата со булеварот „АСНОМ“. Со овој градежен зафат, на должина од 600 метри беше изгребан стариот и оштетен асфалт, беше вградена полимерна мрежа за засилување на носечкиот слој и беше нанесен нов асфалт“ изјави градоначалникот Коце Трајановски.
*Извор на фотографија: Град Скопје
Во изминатиов период на терен работеа екипите на градежната фирма „Пелагонија“ од Гостивар, додека Градот Скопје за овој зафат издвои 7,8 милиони денари од локалниот буџет. Градските власти најавија дека во наредниот период ќе ја разгледааат можноста за продолжување на улицата „Васко Карангелески“, на потегот од Воениот музеј до булеварот „Трета Македонска бригада“.