Претходна статија
Поништен тендерот за изработка на проект за експресниот пат Битола - Меџитлија
Следна статија
Молк околу судбината на повикот за субвенционирање на нискобуџетните летови

Три едукативни тури за историјата на Скопје ќе се одржат до крајот на октомври

Објавено на 12.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Центарот за научни истражувања ХАЕМУС од Скопје организира три едукативни тури за граѓаните што имаат интерес да научат нешто повеќе за културно – историското наследство на македонската метропола. На 14 октомври ќе се одржи едукативната тура „Отоманското наследство на Скопје“, за 21 октомври е закажана турата „Палатите на старо Скопје“, додека на 28 октомври ќе се одржи турата „По стапките на древните Римјани“.

 

 

Претстојниот викенд ќе се реализира првата едукативна тура, која што ја вклучува Старата скопска чаршија, културниот комплекс „Јигит Паша“, Султан Муратовата џамија, Гази Иса Беговата џамија, Исхак Беговата џамија, Скопското кулие, Мустафа Пашината џамија и Отоманскиот период на Скопското Кале.

 

Сите три тури што ќе се одржат во наредните три викенди имаат за цел да го промовираат богатото културно – историско и архитектонско наследство на Македонија. Настанот се организира под мотото на УНЕСКО за Отворени Едукативни Ресурси (ОЕР), а во рамките на Европската година на културното наследство. Организирањето на едукативните тури е поддржано од Град Скопје и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.