Претходна статија
ЕЛЕМ ќе купи сопствени машини за ископ на јаглен за РЕК „Битола“
Следна статија
Државата ќе инвестира во водовод и канализација во руралните средини

Три детски едукативни инсталации ќе се постават во скопските паркови

Објавено на 25.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Град Скопје потпиша договор со фирмата „Стримформ“ за изведба на детски едукативни инсталации на три локации. Просторната инсталација „Љубопитните орли“ ќе се постави во Парк – шумата „Водно“, инсталацијата „Жабецот принц“ ќе им прави друштво на постојните детски содржини во Градскиот парк, а инсталацијата „Октоподот Хенк“ ќе се лоцира во Паркот „Македонија“. За реализација на овој проект градот ќе потроши 4.708.200 денари.

 

 

Трите просторни инсталации ќе се изработат врз основа на победничкото идејно решение на авторите Александра Шулевска и Бојана Стојменовска. Овој труд беше избран по пат на распишан Конкурс од страна на Град Скопје, што беше реализиран во првото полугодие од 2017 година. Новите детски содржини во скопските паркови имаат за цел да ја поттикнат детската фантазија и игра.