Претходна статија
Ќе се реконструираат 23 основни училишта низ цела Македонија
Следна статија
ТЕМА: Железничкиот транспорт на патници и стока тоне без престан

Трета Летна школа за архитектура во Охрид

Објавено на 29.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

„Behaviorology in Ohrid“ е тема на Третата Летна школа за архитектура во организација на Факултетот за Архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје. На годинешната сесија, што ќе се одржи од 28 јуни до 5 јули во Охрид, ќе учествуваат 25 студенти од Јапонија, Србија, Албанија и Македонија. Раководители се архитектите од Јапонија, основачи на едно од најпознатите светски архитектонски бироа Atelier Bow – Wow – архитект д-р Yoshiharu Tsukamoto, вонреден професор на Tokyo Institute of Technology и архитект Momoyo Kaijima, вонреден професор на University of Tsukuba. Специјални гости на школата се архитектите од Хрватска, Винко Пенезиќ и Крешимир Рогина, визитинг професори на УАКС.

 

За времетраењето на летната школа, ќе се одржат три отворени предавања во Културниот дом „Григор Прличев“ во Охрид. Во понеделник, 29 јуни предавање ќе има архитект Yoshiharu Tsukamoto, додека во вторник, 30 јуни со свое предавање ќе се обрати архитект Krešimir Rogina. На 1 јули ќе се одржи предавање на архитектот Momoyo Kaijima. Сите отворени предавања започнуваат во 19:00 часот.

 

Програма:

Трета Летна школа за архитектура во Охрид - Програма