Претходна статија
Бројот на предвидени станови за градење расте, трошоците за градежни материјали паѓаат
Следна статија
Започна втората фаза од реконструкцијата на улицата Козле

Трет тендер за планираниот аква парк во СЦ „Борис Трајковски“, овој пат со донесени измени во ДУП-от

Објавено на 05.06.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#По двa неуспешни обиди и низа на преписки помеѓу градоначалникот на Општина Карпош и директорот на СЦ „Борис Трајковски“, раководството на овој спортски центар денеска објави трет тендер за изградба на рекреативен аква парк. Објавувањето на нов повик за изведба проектот доаѓа по изгласувањето на измените и дополнувањата на Деталниот урбанистички план за урбан блок Карпош 3 од страна на Советот на Општина Карпош на 11 мај, по што и дефинитивно се отвора можноста на легален начин да започне процедурата за изградба на аква паркот. Според информациите од тендерот, победничката компанија ќе треба да го заврши спортско – рекреативниот објект во период од 3 месеци, односно до крајот на септември годинава. Јавното отворање на понудите ќе се одржи на 25 јуни, по што ќе се знае која компанија ќе ги изведува градежните работи. Аква паркот во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се простира на површина од 5.600 метри квадратни. Идејниот проект го изработи „Темон инженеринг“, а инвестицијата се проценува на околу 3 милиони евра, финансиски средства кои веќе ги обезбеди македонската влада.