Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Поставен споменик на Ѓорѓи Сугарев спроти „Мавровка“
Следна статија
Нема крај на реконструкцијата на Собранието

Трет тендер за конгресниот центар Александар Македонски

Објавено на 01.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По двата неуспешни тендери во текот на минатата година, Министерството за култура објави трет оглас за пронаоѓање биро што ќе го изработи основниот проект за објектот конкресен центар Александар Македонски (некогашна Универзална сала). Проектната документација ќе се реализира врз основа на веќе изготвеното идејно решение на студиото „Стоун Дизајн“ од Скопје, кое предвидува изградба на јајцевидно здание, на местото на постоечкиот објект. Понудите треба да се достават до Министерството за култура најдоцна до 6 февруари.

 

 

Мултифункционалниот конгресен центар Александар Македонски ќе се состои од една голема сала Тоше Проески со капацитет од 2.500 до 3.000 седишта, и две мали сали Мајка Тереза и ВМРО за помали камерни изведби, кои би можеле да примат од 200 до 300 лица. Идниот објект ќе има административен простор наменет за јавната установа, четири конгресни сали именувани како Гоце Делчев, Тодор Александров, Методија Андонов Ченто, Борис Сарафов, како и шест билатерални сали за организирање помали настани, именувани како Панко Брашнаров, Кочо Рацин, Глигор Прличев, Димитрие Чуповски, Крсте Петков Мисирков и Браќа Миладиновци.

 

 

Бојан Блажевски