Претходна статија
Најава за довршување на меморијалниот центар на Холокаустот
Следна статија
Привршува изградбата на објектот „Сан Марко“

Трет обид за нова автобуска станица во Прилеп

Објавено на 12.03.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Нова објава на Министерството за транспорт и врски за давање под долготраен закуп на земјиштето на кое треба да никне градска автобуска станица во Прилеп. Земјиштето со површина од 4.267 метри квадратни и почетна цена од 2.133.500 денари (500 денари за метар квадратен) се дава под закуп од 40 години. Парцелата е опфатена со урбанистички план УАЕ бр. 21, дел урбан блок 21/2. Објектот треба да биде висок 7,2 метри и со површина од 413 метри квадратни, а ќе се гради непосредно до постоечката железничка станица, со што ќе се заокружи транспортниот центар во Прилеп.


Најповолниот понудувач се обврзува дека во рок од 6 месеци од солемнизирање на договорот, ќе обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект, а истиот ќе го изгради во рокот предвиден согласно одредбите од Законот за градење, од денот кога одобрението за градба станало правосилно. Пријавите за учество можат да се доставуваат најдоцна до 07.04.2010, а јавното наддавање ќе се оддржи на 14.04.2010. Во првиот обид, општината не успеа да го реализира проектот преку јавно-приватно партнерство, а не беше успешен ни минатогодишниот обид на министерството, под исти услови како сегашниот.




Форумска дискусија за овој проект –> овде