Претходна статија
1,8 милиони евра за реконструкција на патот Тетово - Јажинце
Следна статија
Потпишан договорот за реконструкција на пругата Ногаевци - Неготино

Топилницата избришана од урбанистичките планови на Велес

Објавено на 16.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Велешката топилница ја снема, барем на хартија. Советот на општина Велес на вчерашната седница ја избриша Топилницата за олово и цинк од целокупната планска документација, со што овој индустриски комплекс со површина од 20,9 хектари станува дивоградба. Советниците ја донесоа оваа одлука врз основа на измените во Генералниот урбанистички план за Велес. На постоечката локација на топилницата, во иднина е предвидено да се посади заштитно зеленило на површина од 17,74 хектари. Со пренамената на земјиштето е планирано да се посадат дрвенести и грмушести растенија на просторот на кој во моментов се наоѓаат фабричките погони и отровната јаловина. Покрај заштитно зеленило, на оваа локација во наредниот период треба да се изгради сообраќајна и комунална инфраструктура.

 

извор: Извештај за стратегиска оценка на животната срединаИ покрај добрите намери на локалната самоуправа, засега нема конкретни активности за обезбедување на финансиски средства за реализација на новитетите во урбанистичкиот план. Иако нема официјална проценка на износот што треба да се потроши за овој зафат, се знае дека во претстојниот период државата треба да се ослободи од отровната јаловина преку продажба и нејзино отстранување, да се демонтира огромниот индустриски комплекс, да се деконтаминира почвата и да се засади заштитното зеленило. Топилницата за олово и цинк во Велес е пуштена во функција во 1972 година.

 

 

» Форумска дискусија за велешката топилница