Претходна статија
Булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ се продолжува кон Бутел
Следна статија
Американски Кап-Кон отвори фабрика во зоната Бунарџик

„Тинекс“ гради логистичко – дистрибутивен центар во општина Петровец

Објавено на 06.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонската компанија „Тинекс“ денеска ја започна изградбата на логистичко – дистрибутивен центар во индустриската зона Ќојлија. Објектот ќе се простира на површина од 22.000 метри квадратни и ќе чини околу 14 милиони евра. Реализацијата на проектот е поделена во две фази. До крајот на 2016 година, најпрво ќе се изгради објект од 11.000 метри квадратни, во кој ќе се инвестираат 8 милиони евра. Во втората фаза е планирано да се одвојат уште 6 милиони евра за целосно заокружување на логистичко – дистрибутивниот центар. Со овој проект ќе се отворат околу 100 нови работни места. На денешната свеченост присуствуваа премиерот Никола Груевски и сопственикот на „Тинекс“ Владимир Тодоровиќ.

 

 

 

Индустриската зона Ќојлија претставува една од најатрактивните локации за инвестирање во земјава. Со површина од 196 хектари, таа е лоцирана непосредно до скопскиот аеродром „Александар Велики“, како и до автопатот и железничката пруга од паневропскиот Коридор 10. Домашни и странски инвеститори досега купиле 77 градежни парцели во зоната, од кои во моментов на 17 се одвива изградбата на предвидените објекти.