Претходна статија
Започна изградбата на нов објект за градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2
Следна статија
Владата со поддршка за развојот на обновливите извори на енергија

„Тинекс“ доби нов дистрибутивно – логистички центар во општина Петровец

Објавено на 16.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Компанијата „Тинекс“ од Скопје успешно ја заврши првата фаза од изградбата на дистрибутивно – логистички центар во индустриската зона Чојлија, општина Петровец. Објектот се простира на површина од 12.000 метри квадратни наменети за магацини и дистрибуција на производи. Во првата фаза се инвестираа 8 милиони евра. Од „Тинекс“ планираат да продолжат со реализацијата на втората фаза, која вклучува изведба на дополнителни 10.000 метри квадратни од дистрибутивно – логистичкиот центар. Изградбата на вториот дел од објектот ќе чини 5 милиони евра.

 

Изградбата започна кон крајот на 2015 година. Од компанијата информираат дека реализацијата на овој проект значи дека тие ќе бидат првиот ланец на супермаркети во Македонија кој располага со современ објект за складирање и дистрибуција на производи.