Претходна статија
Градежниците со позитивни оценки за развојот на нивниот сектор
Следна статија
Презентирана Националната транспортна стратегија 2018-2030

Тетово со потпорни ѕидови ќе се штити од идни поплави од Шара

Објавено на 18.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Тетово годинава ќе го реализира проектот за изградба на потпорни ѕидови во речното корито на Пена, со кои ќе се обезбеди заштита на градот од евентуални поплави во иднина. Проектот вреден 20,6 милиони денари ќе треба да се реализира до крајот на 2019 година, при што со него е предвидено да се изврши каскадно уредување на коритото на тетовската река Пена. За изведувач на градежните работи е избрана тетовската фирма „НБ-Цомпану“, се наведува во договорот објавен на Електронскиот систем за јавни набавки.

 

*Идејно решение за уредување на Кејот на реката Пена во Тетово

 

Тетово со својата поставеност во подножјето на Шар Планина е еден од најизложените градови во земјава на катастрофални поплави. Последната природна катастрофа од ваков вид се случи во август 2015 година, кога животот го загубија шест лица. Неопходноста од изградба на потпорни ѕидови во речното корито на Пена е само една од мерките што треба да се преземат за надминување на овој проблем.