Претходна статија
Отворен Саемот за градежништво и Саемот за недвижности 2017
Следна статија
Започнува уредувањето на коритото на реката Речица во Голема Речица

Тетово ќе добие претоварната станица за отпад

Објавено на 01.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Долгодишниот проблем со натрупувањето на отпадот на влезот од Тетово конечно ќе се реши – Општина Тетово договорила изградба на центар за претовар на отпад во градот. Фирмата „Про-Инженеринг“ од Жеровјане ќе го гради затворениот објект, со кој ќе се надмине прашањето со транспортирање на отпадот во близина на железничката станица во Тетово. Вредноста на потпишаниот договор изнесува 29,7 милиони денари и истиот е планирано да се реализира во рок од 90 дена. Договорот е склучен пред еден месец и наскоро се очекува отпочнување на градежните работи.

 

Со реализацијата на проектот ќе се изведе објект кој ќе служи за претоварање на отпадот од тетовскиот регион. Во недостиг на соодветна локација за депонија, општина Тетово и понатаму ќе го пренесува тетовскиот отпад од центарот за претовар во скопската депонија „Дрисла“. Со претстојниот зафат ќе се реши прашањето со постојната локација за претовар на отпадот на отворено, која долги години наназад им предизвикува проблеми со натрупаниот смет на граѓаните кои живеат на влезот од Тетово.