Претходна статија
Со музички хепенинг стартува кампањата „Излези за ГТЦ“
Следна статија
Уште 4,3 милиони евра ќе се потрошат за Собранието

Тетово чека четири години на воведување на зонско паркирање

Објавено на 06.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#И по четири години од првичното ветување за воспоставување на зонско паркирање во Тетово, централното градско подрачје и понатаму се соочува со хаотично паркирање и изразит сообраќаен метеж. Идејата за регулирање на местата за паркирање не се реализираше во целост, и покрај фактот што веќе се определени три зони за паркирање во градот, со вкупен капацитет од 909 паркинг места. Кога точно ќе профункционира зонското паркирање во Тетово засега останува непознаница, бидејќи локалните власти немаат утврдено точен датум за почеток на неговото применување.

 

Иако реализирано единствено на хартија, зонското паркирање по втор пат добива цени за паркирање во замислените три зони. Советот на општина Тетово денеска ја утврди висината на надоместокот за користење на јавна површина за паркирање. Еден час паркирање во централното градско подрачје ќе чини 30 денари, во зоната Б ќе чини 20 денари, додека паркирањето во третата зона ќе чини 15 денари во времетраење од 60 минути. Општинските советници донесоа одлука и за намалување на месечниот и на годишниот надоместок за паркирање возила во градот.

 

Општина Тетово во претстојниот период треба да ги создаде сите предуслови за успешно функционирање на зонското паркирање, почнувајќи од обезбедување на пајак возило, блокатори за возила и електронски систем за наплата на надоместоците.