Претходна статија
Во Штип се изведува втората фаза од обиколницата на градот
Следна статија
На крајбрежјето во Струга турбо се градат плажи

Тендерот за набавка на нови автобуси за ЈСП ќе се објави во март

Објавено на 22.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Тендерската постапка за набавка на новите автобуси на природен гас за потребите на ЈСП –  Скопје ќе започне на 15 март, се наведува во најновата информација објавена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Компаниите најпрво ќе ги испратат своите понуди за набавка на новите 30 до 40 еколошки автобуси, по што ЈСП – Скопје ќе треба да ја избере најповолната понуда што ќе биде доставена од производителите на овие превозни средства. Средствата во износ од 10 милиони евра за новите автобуси веќе се обезбедија од ЕБОР, а дополнителни 1,8 милиони евра се алоцирани од буџетот на ЈСП – Скопје.

 

 

Најдоцна до почетокот на 2020 година на скопските улици ќе сообраќаат новите автобуси. Најголем дел од нив ќе бидат дводелни возила, со поголем број на седишта и простор за стоење на патниците, со што ќе се намалат гужвите во јавниот превоз за време на сообраќајните шпицови. Идните автобуси ќе имаат ЕУРО 6 мотор, а ползувањето на природниот гас целосно ќе го исклучи загадувањето на воздухот од страна на овие возила. Новите превозни средства ќе бидат нископодни, климатизирани и ќе имаат можност за превод на лица со телесна инвалидност.