Претходна статија
РЕПОРТАЖА: Зошто Виена го има еден од најдобрите метро системи во светот?
Следна статија
„Макпетрол“ ја отвори 127-та бензинска станица во земјава

Ќе се реконструира уште еден сегмент од улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел

Објавено на 19.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје денеска објави тендер за реконструкција на улицата „Александар Урдаревски“, на потегот од реката Серава до границите со Генералниот урбанистички план за Скопје, при што ќе се извади постојната коцка, а на нејзино место да се нанесе асфалт на коловозот. За овој градежен зафат е предвидено да се потрошат околу 28,4 милиони денари. Градежните работи ќе се реализираат врз основа на изготвениот проект од „Еуро Роад Дизајн Груп“ од Скопје. Заинтересирани фирми имаат рок до 8 ноември за да ги поднесат нивните понуди до градската администрација.

 

 

Реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“ започна кон крајот на јули годинава, на потегот од крстосницата со улицата „Бутелска“ до крстосницата што води кон влезот во гробиштата Бутел. За овој сегмент со должина од 808 метри беа вложени 18,5 милиони денари.