Претходна статија
Скопскиот боемски живот на нова локација во Дебар Маало
Следна статија
Гази Баба бара архитектонско решение за новата општинска зграда

Тендер за реконструкција на автопатот Смоквица – Гевгелија

Објавено на 17.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Автопатската делница Смоквица - ГевгелијаАвтопатската делница Смоквица – Гевгелија во должина од 10,1 километри ќе биде обновена. Заинтересираните компании за изведба на планираните градежни работи можат да ги достават своите понуди најдоцна до 9 декември, во согласност со објавениот јавен повик од Европската комисија. Проектот опфаќа поставување на нов асфалт долж целата траса, при што ќе се прошират со трета коловозна лента подделниците Смоквица – Прдејци во должина од 6,72 километри и Негорци – Гевгелија долга 3,43 километри. Се планира поставување на нови банкини и заштитници, како и современа хоризонтална и вертикална сигнализација.

 

Обновата на автопатската делница Смоквица – Гевгелија е надоврзување на тековниот проект за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, по чие завршување делот од патниот Коридор 10 што минува низ Македонија ќе биде целосно заокружен на ниво на автопат. Јавниот повик е публикуван на интернет – страницата за развој и соработка на Европската комисија „EuropeAid“, како и на интернет – страницата за централно финансирање и склучување договори на Министерството за финансии.