Претходна статија
ОСВРТ: Изложба како реакција на негрижата кон спомениците од НОБ во Скопје
Следна статија
Приватен партнер ќе го преземе јавното осветлување во Тетово

Тендер за каскадно уредување на коритото на река Пена во Тетово

Објавено на 09.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Тетово објави тендер за изведувач на каскадно уредување на коритото на реката Пена. За изградба на потпорните ѕидови во речното корито на оваа тетовска река е проценето дека ќе се издвојат околу 25 милиони денари од општинскиот буџет. Со реализацијата на проектот треба да се намалат ризиците од предизвикување поплави во Тетово, кое во изминативе неколку години во неколку наврати настрада од излевањето на водите од речното корито на Пена. Заинтересираните компании имаат рок до 29 ноември за да ги поднесат понудите за учество во тендерската постапка.

 

*Недовршеното идејно решение за уредување на Кејот на реката Пена во Тетово

 

Ако тендерската постапка се спроведе без застој, тогаш тетовската локална самоуправа веќе во првото полугодие од 2019 година би можела да започне со изведба на каскадното уредување на реката Пена. Пред повеќе од две години, општина Тетово доби и финансиска помош од 330.000 евра преку УНДП за санирање на критичните точки од браните на реката Пена.