Околу 30 милиони денари ќе се одвојат од буџетот на скопската општина Гази Баба за да се изгради долгонајавуваната детска градинка во селото Стајковци. Локалната самоупра деновиве го распиша тендерот за пронаоѓање изведувач што ќе го гради идниот образовен објект што ќе треба да обезбеди сместување на дечињата од претшколска возраст. Времетраењето на договорот со идниот изведувач на градинката ќе изнесува 24 месеци, додека општина Гази Баба ќе ги обезбеди средствата за изградба на објектот со буџетите од 2018 и од 2019 година.
Заинтересираните компании имаат рок до 8 ноември за да ги достават понудите за учество во тендерската постапка. Главен критериум за избор на изведувачот на работите ќе биде понудената најниска цена. Пред да го распише огласот, општина Гази Баба го реши прашањето за откупување на градежното земјиште на кое ќе се гради новата детска градинка во селото Стајковци.