Претходна статија
Заврши реконструкцијата на Градската болница „8 Септември“
Следна статија
Стартуваше реконструкцијата на поликлиниката „Букурешт“ во Скопје

Театарот и библиотеката во Тетово ќе бидат завршени до 2018 година

Објавено на 02.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По долгогодишни ветувања, на повидок е остварување на идејата за изградба на културно – образовен центар во Тетово, кој ќе се состои од театар и библиотека [»мапа]. За реализација на објектот со површина од 15.000 метри квадратни Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ објави оглас преку кој бара изведувач што ќе го предаде објектот по принципот „клуч на рака“. Последните проценки велат дека инвестицијата ќе биде во висина од околу 13,3 милиони евра, средства кои ќе се обезбедат од буџетот на Министерството за култура. Заинтересираните компании треба да ги достават своите понуди за учество на тендерот најдоцна до 3 март, за кога е закажано и нивното јавно отворање.

 

 

 

Според публикуваните информации на веб – страницата на Бирото за јавни набавки, изградбата на објектот на театарот и градската библиотека во Тетово треба да започне во текот на јули годинава и истот да биде пуштен во употреба најдоцна до крајот на јули 2018 година. Покрај театарска сала и простор за библиотечниот фонд, идното здание е предвидено да има и кино сала, училиште за странски јазици, отворен амфитеатар, простор за комерцијални дејности и подземен паркинг со капацитет од 221 возило. Проектната документација за овој објект ја изготви Градежниот институт Македонија, а идејното решение е дело на архитектонското студио „Архинг Груп“, односно на авторите Бесиан Мехмети, Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Никола Стрезовски.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект