Претходна статија
Со заштеди од претходните тендери ќе се подобруваат патиштата
Следна статија
Физибилити студија за помало загадување од РЕК „Битола“

Таксистите лани превезле четири пати повеќе патници од возовите

Објавено на 12.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонскиот транспорт од година во година се соочува со нови нелогичности. Спротивно на која било европска земја, бројот на превезени патници во меѓуградскиот сообраќај со такси возила расте, додека патниците во возовите се намалуваат. Според податоците на Државниот завод за статистика, меѓу македонските градови со такси возила лани биле превезени 3.434.000 патници, односно за цел милион патници повеќе од 2013 година кога биле транспортирани 2.398.000 патници. Ако се земе во предвид дека Македонски железници во текот на 2014 година превезла околу 800.000 патници, тогаш произлегува дека таксистите во земјава превезуваат за четири пати повеќе патници од железничкиот сообраќај.

 

 

 

Наспроти порастот во меѓуградскиот превоз, вкупниот број на превезени граѓани со такси возила во 2014 година е намален. Лани биле транспортирани 27.755.000 патници, односно за речиси три милиони помалку во однос на претходната година. Бројот на такси возила во македонските градови се зголемува, па така во 2014 година се регистрирани 2.372 патнички автомобили за вршење на оваа услужна дејност.

 

 

Бојан  Блажевски