Претходна статија
290 милиони денари за инфраструктурни зафати во 6 општини
Следна статија
„Кранфилд Фаундри“ ќе инвестира 20 милиони евра во новата фабрика во Пробиштип

Светскиот авторитет Јан Гел може да помогне во натамошниот развој на Скопје

Објавено на 05.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов и еден од најпознатите урбанисти на денешницата, Јан Гел потпишаа писмо на намери за соработка од областа на урбанизмот и просторното планирање. „Оваа соработка ја воспоставуваме со цел унапредување на урбаното живеење во Скопје по примерот на светските метрополи од аспект на хуманото живеење, активната вклученост во креирањето и реализацијата на проектите од значење за граѓаните“ изјави претседателката на Советот на град Скопје, Љубица Јанчева. Професорот Јан Гел денеска во Скопје ја промовираше својата книга „Градови за луѓе“, која неодамна беше преведена и на македонски јазик.

 

*Извор на фотографија: Град Скопје

 

Во рамките на денешниот настан, организиран од Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, беше одржана и работилницата „Скопје-град за луѓе“. Претседателката на градскиот совет Љубица Јанчева истакна дека во наредниот период ќе се формираат стручни тимови, кои по принципите „градови за сите“, ќе работат на студија за Градот Скопје од аспект на хуманото живеење. На одржаната работилница беа разгледани прашања поврзани со урбанизмот и просторното планирање и се изврши презентација на можните решенија поврзани со состојбите со велосипедистите, пешаците, малите паркови и зелените површини, квалитетот на воздухот и квалитетот на живот на граѓаните од Скопје.

 

Професорката Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет посочи дека со поддршка на професорот Јан Гел имаме неверојатна можност за натамошен развој на главниот град. „Тој покажа голем интерес за Скопје. Целата приказна се сведува на тоа како градот Скопје да го направиме „град за луѓе“ што е поттикнато од неговата книга што се вика „Градови за луѓе“ изјави Пенчиќ.