Претходна статија
Велес повторно ќе добие хотел
Следна статија
Годинава стабилизирање на цената на становите во Скопје

Светска банка наесен ќе одлучува за експресниот пат кон Бугарија

Објавено на 18.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На потегот од Ранковце до Крива Паланка ќе се гради комплетно нов експресен пат со средства од Светската банка. Владата веќе е влезена во разговори со оваа меѓународна финансиска институција и се очекува инфраструктурниот проект да биде одобрен наесен. Планирано е Светска банка во текот на оваа година да и одобри на земјава финансиски средства во висина од 100 милиони евра за изградба и реконструкција на повеќе патни правци, меѓу кои е и експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка. Со планираниот проект ќе се реализира првата фаза од изведбата на долгонајавуваниот нов пат кон Бугарија.

 


* Наместо дупки, нов експресен пат кон Крива Паланка

 

 

Покрај обезбедувањето финансиски средства, земјава преку Јавното претпријатие за државни патишта ја изработува проектната документација за експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. Фирмата „ДИВИ Македонија“ е задолжена за дополнување, корекција и прилагодување на веќе изготвениот проект за овој патен правец. Македонската влада во февруари 2012 година донесе одлука за изградба на нов пат од понизок ранг кон нашиот источен сосед. Наместо автопат, тогаш се одлучи да се гради експресен пат со по две коловозни ленти во секој правец.

 

Магистралниот пат од Куманово кон Крива Паланка и кон граничниот премин Деве Баир се наоѓа во очајна состојба, со огромни дупки на коловозот кои ја намалуваат безбедноста во сообраќајот. Оваа магистрала не е реконструиран веќе неколку децении наназад, иако претставува главната сообраќајна врска на нашата земја со Бугарија.

 

 

Бојан Блажевски