Претходна статија
Автобускиот превоз со лоши резултати на почетокот од 2016 година
Следна статија
„Џонсон Контролс“ гради нова фабрика во Струмица

Свеченост по повод приемот на Георги Константиновски за почесен член на МАНУ

Објавено на 19.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Архитект Георги Константиновски денеска ги повика колегите од професионалната фела да се зачленат во Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), се со цел да се подигне нивото и квалитетот на асоцијацијата. „Да делувате на свои колеги да се зачленат во асоцијацијата. Ние самите можеме да си помогнеме ако бидеме организирани“, им посочи архитект Георги Константиновски на своите колеги. ААМ во Музејот на град Скопје денеска организираше свеченост, по повод неговиот прием за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

 

##

 

 

Од името на Архитектонската академија при ААМ, на денешната свеченост свое обраќање имаше претседателката Вера Ќосевска. Таа посочи дека Георги Константиновски низ својата професионална кариера оставил траен белег како проектант, научник и публицист. „Архитектурата е симфонија во просторот, која треба да ги исполнува окото, душата и срцето“ истакна Вера Ќосевска, цитирајќи го архитект Георги Константиновски.

 

„Ви се заблагодарувам за сè што направивте за архитектурата“ посочи претседателката на ААМ, Сања Раѓеновиќ-Јовановик во своето обраќање. Асоцијацијата на архитекти на Македонија на денешниот настан му врачи благодарница за сиот вложен труд на архитект Георги Константиновски.

 

 

Текст, фото:

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk