Претходна статија
Уште „барокни“ фасади на улиците „Македонија“ и „Никола Вапцаров“
Следна статија
Догодина ќе почне изградбата на новиот објект на Народната банка

Свечено отворени саемите Технома 2014 и Транспорт и логистика 2014

Објавено на 14.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Најновите технолошки достигнувања, транспортните иновации, како и проекти за енергетска ефикасност и иновации на компании од земјава и од странство, ќе бидат претставени во рамките на Меѓународниот саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – Технома 2014 и Меѓународниот саем на транспорт и логистика 2014. Во фокусот на овогодинешното 40 јубилејно издание на Технома е енергетиката, при што организирани национални претставувања на свои штандови имаат 15 компании од Унгарија и девет од Австрија.

 

 

 

Паралелно со Технома, по трети пат ќе се одржи и Меѓународниот саем на транспорт и логистика. Во склоп на манифестацијата е преставена 35-тата Меѓународна изложба на иновации – Макинова. Комората на занаетчии од Скопје ги претставува компаниите кои се занимаваат со проблемите на обновливи извори на енергија, особено во делот на искористување на соларната енергија. На изложбата на пронајдоци на македонските иноватори се претставени 76 иновативни решенија од различни области, како и 20 иновативни решенија на автори од асоцијации од БиХ, Србија, Хрватска и Бугарија. Во текот на четиридневните саемски манифестации ќе се одржат и повеќе поединечни презентации, информативни и едукативни работилници.