Претходна статија
Митрополит Теодосиј Гологанов со булеварски профил на нови 750 метри
Следна статија
Во Струмица ќе се гради секундарна гасоводна мрежа во должина од 7 километри

Свечено отворен „Паркот на езерата“

Објавено на 19.06.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Жителите на општина Аеродром денес добија уште една уредена парковска целина, со површина од околу 11.000 метри квадратни, од кои 1.800 метри квадратни се водена површина која ја сочинуваат четири езерца. Локацијата на новиот парк е покрај кејот на Вардар, во непосредна близина на спортската сала „Јане Сандански“ [»мапа]. Во неговиот централен простор е сместено најголемото езерце, кое се простира на 900 метри квадратни, а содржи две фонтани кои се прелеваат една во друга. Во средината на централната фонтана е поставена модерна скулптура со форма на симболот на општина Аеродром. Кај најмалото езерце има поставено украсно соларно дрво со светлечки ефекти, додека останатите две езерца се украсени со по два водопади, мост и гејзери.

 

Зеленилото се простира на 5.420 метри квадратни, а за негово наводнување, како и за полнење на езерата ќе се користат три бунари ископани за потребите на паркот. Пешачките патеки со површина од 3.795 метри квадратни се поплочени со различни типови гранит, базалтни коцки, кулир и бехатон.

 

Изградбата на „Паркот на езерата“ започна кон крајот на минатата година. За него се потрошени 60 милиони денари, односно околу еден милион евра, средства обезбедени од Буџетот на општината. Изведувач на градежните работи беше компанијата „Конструктор Рената“, според проектот изработен од „Геоконтрол“ од Струмица.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Парк на езератаПарк на езератаПарк на езерата

Парк на езератаПарк на езератаПарк на езерата

Парк на езератаПарк на езератаПарк на езерата

Парк на езератаПарк на езератаПарк на езерата