Законот за градење од претходната власт бил променет дури 25 пати, при што дел од одредбите во овој закон се во колизија со Законот за културно наследство. За ваквата моментална состојба со легислативата за градење денеска говореше министерот за транспорт и врски Горан Сугерески на одржаната Работилница за реформи на група закони од областа на планирањето, изградбата и просторот, организирана од Комората на овластени архитекти и инженери.
*Извор на фотографија: Министерство за транспорт и врски
„Се јавува потреба да се направи еден пречистен текст на Законот со кој ќе се овозможи негова поголема функционалност. Исто така, сметаме дека е потребно да ја олесниме постапката за вадење на одобрение за градење како и за дел од останатите барања предвидени во Законот за градење преку олеснување на процедурите и зголемување на продуктивноста и капацитетот за процесирање на барања“ изјави министерот Сугарески. Тој најави намалување на казните предвидени со Законот за градење, но и поефикасна контрола врз компаниите.