Претходна статија
ФЕЉТОН: Постземјотресната обнова на Скопје - вовед во еден подзаборавен дискурс (1)
Следна статија
ЕЛЕМ ќе купи сопствени машини за ископ на јаглен за РЕК „Битола“

Субвенциите за печки на пелети во Скопје ќе го чекаат новиот градоначалник

Објавено на 25.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Јавниот повик за субвенционирање на купувањето печки за греење на пелети во Скопје ќе го чека крајот на локалните избори, формирањето на новиот градски совет и донесувањето на одлука од новите советници за оваа мерка. Иако го започна проектот пред точно една година, Градот Скопје не го распишал конкурсот за субвенционирана набавка на еколошки печки за скопските домаќинства. Во изјава за весникот „Вечер“, градските власти информираат дека до формирањето на новиот градски совет нема да може да се објави предвидениот јавен повик за граѓаните.

 

 

И покрај ваквото објаснување, останува нејасно од кои причини Градот Скопје не го објавил јавниот повик во текот на летниот период. Советот на град Скопје одржа неколку седници пред нивното распуштање, а ако се повлечеше ваков потег во летниот период, пријавувањето на граѓаните веќе ќе беше завршено до денес. Ако се суди по логиката на досегашното раководство на Град Скопје, субвенционирањето на печките за греење нема да се реализира пред ноември. Ако се земе во предвид неопходниот рок за распишување на јавниот повик и за пријавување на граѓаните, останува нејасно дали ќе се стигне со доделувањето на предвидените средства за субвенции до крајот на годинава.

 

Градот Скопје во буџетот за 2017 година предвиде 10 милиони денари за субвенции за граѓаните што ќе купат печки за греење на пелети. Во пролетниот период пристигнаа 290 барања за субвенции од граѓаните, но целокупниот фонд не се искористи и дел од планираните средства беа оставени за есенскиот повик. Со проектот им се овозможува на домаќинствата да остварат поврат до 70% од висината на потрошените средства, но не повеќе од 30.000 денари по домаќинство. Опозициските социјалдемократи веќе во неколку наврати го критикуваа Градот Скопје дека одвоените средства за субвенции се премалку, со што нема да се реши проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје.