Македонската влада ќе ја субвенционира изградбата на приватни градинки за деца и домови за стари лица. За оваа мерка ќе можат да аплицираат сите заинтересирани субјекти, а истата денеска беше најавена од премиерот Никола Груевски. „Субвенциите изнесуваат 10.000 евра за изградба на градинка и 12.500 евра за градба на старски дом“, рече Груевски при денешната посета на селата Бардовци и Злокуќани. Со овој владин проект е предвидено да се вработат околу 100 лица во новите градинки и старечки домови.
Од извршната власт сметаат дека државните субвенции на ова поле ќе овозможат отворање на нови приватни градинки со капацитет за околу 400 деца, како и домови за стари лица што ќе можат да примат околу 400 лица.