Претходна статија
Новиот мултимедијален културен центар во Штип ќе го носи името на Киро Глигоров
Следна статија
Во Тетово годинава ќе се доградат две од трите клучни сообраќајници

Студентски трудови од Архитектонски факултет изложени во Осло

Објавено на 25.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Архитектонскиот факултет при УКИМ учествуваше на AHO WORKS изложбата на магистерски проекти на Факултетот за архитектура во норвешкиот главен град Осло. Од 11 до 14 јануари беа изложени студентските трудови изработени во рамки на интегративното студио ОБРАСЦИ НА РАСТ: Неприродни екологии од IX семестар, под раководство на наставниците Марија Мано Велевска и Слободан Велевски. „Изложбата на проектите беше успешно реализирана, а нивниот квалитет како во истражувачка така и во проектантска смисла беше препознаен и позитивно оценет од колегите во Осло“ информираат од Архитектонскиот факултет.

*Извор на фотографии: Архитектонски факултет при УКИМ.

 

Овогодинешната тема на студиото ја истражуваше релацијата на современиот град, неговата инфраструктура и пејсажот. Резултат од зададената тема се студентски проекти кои успешно создадоа контрадикторен, но истовремено и функционален модел на „неприродна екологија“ што ги потврдува спротивставените карактери на природното и вештачкото во единствена целина преку просторна идеја за северо-источниот раб на градот Скопје.