Претходна статија
РЕПОРТАЖА: Кружењето на трамвајските приказни низ Сараево
Следна статија
Пропадна тендерот за изградба базен во Шуто Оризари

„Струмица-гас“ годинава ќе гради нови 6,5 километри гасоводна мрежа

Објавено на 05.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Струмица преку своето јавно претпријатие ќе продолжи со проширување на гасоводната мрежа во градот. „Струмица-гас“ веќе потпиша договор за изградба на дополнителни 6,5 километри гасоводна мрежа во текот на 2017 година. Вредноста на зафатот изнесува 10 милиони денари, а за изведувач на градежните работи е избрана фирмата „Конти Хидропласт“ од Гевгелија. Развојот на секундарната гасоводна мрежа во претстојнава година ќе се насочи и надвор од градските средини. Потпишаниот договор за изведба на мрежа во должина од 6,5 километри е само дел од планираниот зафат за проширување на цевките за нови 15 километри во 2017 година.

 


* Извор на фотографија: Општина Струмица

 

Природниот гас годинава е планирано да пристигне до фабриките и до земјоделските површини во Куклиш, со што ќе се прошири бројката на корисници на овој енергенс. Локалната самоуправа од Струмица планира до крајот на 2017 година да развие гасоводна мрежа во должина од 40 километри. Ако се реализира планираното на инфраструктурен план, најголемиот дел од Струмица ќе ја има можноста да го ползува гасот во домаќинствата и во индустријата.