Претходна статија
Потпишан договорот со „Визер“ за шест нови авио дестинации
Следна статија
Седум хектари градежно земјиште се продаваат во Орешани

Стотина граѓани ги искористија бесплатните проекти при изградба на куќи во Илинден

Објавено на 14.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Од вкупно 180 инвеститори во објекти за домување на територијата на општина Илинден во 2014 година, 100 ги искористиле поволностите што ги нуди локалната самоуправа и одбрале еден од четирите понудени бесплатни проекти за изградба на семејни куќи. Покрај тоа што проектната документација овозможува изведба на семејни станбени куќи како типски објекти, граѓаните заштедуваат и до 1.000 евра за изработка на овие документи. Со бесплатните проекти се олеснува работата на администрацијата и се забрзува постапката за издавање одобрение за градење по електронски пат. На тој начин, граѓаните имаат можност по плаќањето на комуналните такси да се стекнат со градежна дозвола во рок од три дена.

 

 

 

Особен интерес кај инвеститорите владее за новата населба „Јака“, за која и првично беа изработени четирите идејни решенија и основни проекти за семејни куќи. Општина Илинден ги избра бироата „Инком Инженеринг“ од Скопје и „Есперанца“ од Битола за изготвување на проектната документација, која во моментов им стои на располагање на инвеститорите во нови домови.