Претходна статија
Од 1 јуни градежни дозволи ќе се издаваат по електронски пат
Следна статија
Избрано ли е неокласицистичко идејно решение за претстојната реконструкција на ГТЦ?

Стопирана изградбата на катната гаража спроти „Старата железничка“

Објавено на 26.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Изгледот на идната катна гаража спроти Старата железничка станицаГрадоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски денеска донесе одлука за стопирање на изградбата на катната гаража во близина на „Автомакедонија“, спроти Старата железничка станица. Извршен е целосен увид во документацијата за оваа и локацијата на идната зграда на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), кои треба да се подигнат на местото на сегашниот парк. Градоначалникот во изјава за медиумите напомена дека нема ингеренции врз предвидениот административен објект, којшто исто така се гради на просторот на паркот од страна на централната власт. Според Жерновски, Советот на општина Центар треба да изврши ревизија на постоечкиот Детален урбанистички план, со што ќе се запре понатамошниот процес на изградба на катната гаража. Компанијата „Никофон“, која се јавува како инвеститор во објектот, во текот на денешниот ден не излезе со своја реакција во јавноста за ваквата одлука на градоначалникот.

 

#Својот став преку соопштение денеска го искажаа надлежните од Министерството за транспорт и врски. Според нив, новиот градоначалник се обидува на манипулативен начин да ги дискредитира активностите во доменот на управување со градежното земјиште и решавањето на проблемот со малиот број паркинг места во центарот на Скопје. „Министерството за транспорт и врски сака да појасни дека сите отуѓувања на градежно земјиште, со цел реализирање на конкретни инвестиции, се реализирани во согласност со деталните урбанистички планови и преку јавни наддавања на кои може да се пријави секој заинтересиран субјект“, се наведува во соопштението. Македонската компанија „Никофон“ во јуни 2012 година ја купи парцелата за изградба на катна гаража спроти Старата железничка станица. Земјиштето со површина од 1.245 метри квадратни „Никофон“ го доби за 6.150 денари за метар квадратен односно вкупно 7.656.750 денари.