Претходна статија
Студенчишко блато во опасност од идејата за изградба на марина на Охридското езеро
Следна статија
Битола ќе се советува околу изградбата на фудбалскиот стадион

Стопирана изградбата на катната гаража кај Автомакедонија

Објавено на 25.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По втор пат за две години, градоначалникот на Центар Андреј Жерновски ја стопира изградбата на катната гаража кај Автомакедонија, спроти Старата железничка станица [»мапа]. Првиот човек на оваа скопска општина ја поништи правосилноста на одобрението за градба на објектот, постапувајќи по предлог на овластениот градежен инспектор од Центар. Како причина за ставање вон сила на градежната дозвола се наведува иницијативата на група граѓани од соседството, кои немале можност да извршат увид во документацијата, право кое им е загарантирано со членот 62 од Законот за градење.

 

 

 

Од локалната самоуправа во Центар велат дека во текот на постапката, Дирекцијата за заштита и спасување во два наврати издала негативно мислење за проектот, поради неисполнети стандарди за евакуација на населението при пожар. Притоа, нагласуваат дека рокот за издавање на градежна дозвола истекол во јули 2013 година, но и покрај тоа Министерството за транспорт и врски и Државниот правобранител застанале на страната на купувачот на градежната парцела. Тогаш, градоначалникот Жерновски го потпиша решението за издавање на градежна дозвола, чија правосилност тој денеска ја поништи. Како инвеститор во катната гаража се јавува фирмата „Никофон“, која во јуни 2012 година ја купи локацијата од 1.245 метри квадратни за 6.150 денари за метар квадратен.