Претходна статија
Екологистите и власта не се договорија околу гасоводот на Водно
Следна статија
Нов јавен повик за субвенции за купување печки на пелети во Гази Баба

Стопанствениците од Македонија и Косово бараат завршување на автопатот Скопје – Приштина

Објавено на 03.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Директно на градилиштето на автопатот од Приштина до косовско-македонската граница, стопанствениците од Македонија и Косово денеска повторно побараа во целост да се заврши автопатското поврзување меѓу Скопје и Приштина. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески го потенцираше задоволството од тоа што Косово за само 10 години речиси целосно ја заокружило изградбата на својата инфраструктура. Заедно со претседателот на Стопанската комора на Косово Берат Рукичи, тие денеска ја изразија поддршката за довршување на изградбата на автопатот меѓу двете земји.

 

 

Главното барање на стопанствениците од двете земји е македонската влада да побрза со реализацијата на автопатот од нашата страна на границата. И додека во Косово интензивно се гради и последната секција од овој автопат, на македонска страна се почнати подготвителните работи за проектирање и реализација на овој проект, чија должина изнесува 13 километри. За проектните активности се издвоени 1,3 милиони евра, а идниот автопат треба да ја поврзе скопската обиколница со граничниот премин Блаце.

 

Изградбата на автопатот Скопје – Блаце треба да започне во втората половина на 2019 година и да заврши до крајот на 2022 година. Наспроти доцнењето од македонска страна, Косово до крајот на годинава планира да го заврши автопатот на своја територија до крајот на годинава. Претседателот Азески на денешната средба вети дека ќе се залага пред македонската влада за скратување на роковите за реализација на патот од Скопје до Блаце.

 

 

» Форумска дискусија зa овој проект