Претходна статија
ГТЦ со зелен кров, ама само на една десетина од покривот на објектот
Следна статија
Општина Карпош ќе изготви идеен проект за обнова на спортската сала „Партизан“

Стопанствениците бараат да се изгради инфраструктурата за индустриската зона Визбегово

Објавено на 21.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Како последица на инфраструктурни проблеми и институционална негрижа, во индустриската зона Визбегово во изминативе 5 години згаснале 139 компании. Ваквиот негативен заклучок беше презентиран од Стопанската комора на северо-западна Македонија на денешната средба на медиумите на која беше презентирана извршената анализа за оваа зона. Стопанствениците од владата бараат индустриската зона Визбегово да биде вметната како највисок приоритет во работењето на Владата, при што од нивна страна првенствено се бара решавање на инфраструктурните проблеми.

 

 

Изградбата на водовод и канализација, пристапни патишта во рамките на индустриската зона и решавање на проблемот со патот Скопје-Блаце се дел од главните барања на стопанствениците од оваа индустриска зона. Тие денеска ја промовираа брошурата „Анализа на индустриската зона Визбегово 2001-2021“, изработена од Инсајдер ИД и Таргет Груп.

 

Министерството за транспорт и врски лани не успеа да избере изведувач на водоводот за индустриската зона Визбегово, по што пред две недели беше распишан нов тендер за пронаоѓање изведувач на планираниот зафат. Тендерирањето за канализационата мрежа во овој дел на Скопје треба допрва да отпочне.