Претходна статија
Real Estate „Ѕвездите“ доделени по втор пат
Следна статија
Нови 68 двоспратни автобуси по скопските улици

Стилот на фасадите на објектите во центарот на Скопје ќе биде познат во летните месеци

Објавено на 09.03.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Претстојното лето ќе се знае како ќе изгледаат фасадите на 17 згради сместени во строгиот центар на Скопје на улиците „Македонија“, „Никола Вапцаров“ и на „Димитрија Чуповски“, а градските власти засега немаат информации колку ќе чини изведбата на новиот надворешен изглед на објектите и кога ќе отпочнат градежните активности. „Градот Скопје распиша конкурс за идејни решенија за реконструкции на фасади на повеќе објекти во централното градско подрачје. Идејниот изглед ќе биде дефиниран со изборот на најдобрите решенија, по што Град Скопје ќе пристапи кон изработка на изведбени проекти. Изведбените проекти ќе го детерминираат изгледот, чинењето и роковите за изведба на реконструктивните зафати. По изборот на идејните решенија, Град Скопје ќе објави повеќе детали за реконструирањето на фасадите“, истакнуваат од одделението за односи со јавност на градот.

 

Од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) напоменуваат дека се залагаат за многу внимателно интервенирање на фасадите, што би значело вреднување на објектите во насока на тоа дали треба да се стават под режим на заштита по што би следувал аналитичен и студиски процес во кој би се одлучило за интервенирањето врз објектите. Претседателката на ААМ, Даница Павловска, констатира дека треба да се почитуваат авторските права на архитектите кои ги проектирале зданијата предвидени за реконструкција. „До нас не се обратени по однос на сите тие фасади, освен за фасадата на Градски Трговски Центар (ГТЦ), каде имаме свој член во комисијата за тендерот или огласот за најдобро решение и каде што нашиот член го изнесе ставот на асоцијацијата“, истакнува Павловска.

 

 

Дел од фасадите кои ќе се менуваат:

 

####

####

####